декември 3, 2024

Хрватскиот Сабор ќе расправа за отповикување на премиерот Пленковиќ

Хрватскиот Сабор денеска ќе расправа за отповикување на премиерот Андреј Пленковиќ на предлог на 33 пратеници од опозицијата, кои како причини наведоа корупциски скандали, неуспех во спроведувањето на здравствената реформа и навремена реконструкција по земјотресот.

Предлогот за покренување на прашањето за доверба првпат се расправа во Парламентот откако Пленковиќ ја презеде премиерската функција во октомври 2016 година.

Опозицијата во изминатите години неуспешно се обиде да ја отповика целата влада и голем број министри, но никогаш премиерот.

Read Previous

Генералното собрание на ОН гласаше за „итно“ повлекување на руските трупи од Украина

Read Next

Анализа: Една година од војната во Украина – потребно е да му се даде поголема шанса на мирот