Откако Охридското обвинителство експресно го стокми обвинението за нападот врз македонскиот Бугарин Христијан Пендиков, Основниот суд во Охрид за 28 февруари кај судијата Бојан Мартиноски, веќе го закажа и судењето за напаѓачот, пренесува Телма.
Нему ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди. Иако обвинетиот се бранел со молчење, како што информираа од ОЈО за Телма минатата недела, тој се товри за ова кривично дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци.
Но, обвинителството нема официјална потврда дека другиот напаѓач кој е во бегство имал бугарско државјанство, со што се отвори прашањето дали нападот може да се квалификува дека е од омраза поради национална или етничка припадност.