ноември 23, 2024

ОАЕ ветија уште 50 милиони долари помош за Сирија

Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) денеска ветија дополнителни 50 милиони долари помош за Сирија погодена од земјотресот, со што вкупната помош ќе достигне над 100 милиони долари.

Дополнителната помош од ОАЕ уследи откако Обединети нации вчера упати итен повик за донација од 397 милиони долари за помош на населението погодено од земјотресот во Сирија, земја која веќе е уништена од повеќе од една деценија војна.

ОАЕ минатата недела најави хуманитарна помош за Сирија во висина од 13,6 милиони долари хуманитарна помош за Сирија.

По апелот на ОН ќе бидат издвоени 20 милиони долари за „хуманитарни проекти“.

Read Previous

Марш за одбрана на новинарското достоинство в петок

Read Next

Владата именуваше нов директор на ЈП Службен весник