септември 21, 2024

Илон Маск воведе нова опција за твитерџиите со сино лого

Илон Маск воведе уште една голема промена на Твитер. Корисниците на платформата во САД кои се претплатиле на услугата за автентичност „Твитер блу“ ќе може да пишуваат објави кои содржат до 4.000 знаци по твит, што е 10 пати повеќе од вообичаено дозволено.

Потребни Ви Се Повеќе Од 280 Знаци За Да Се Изразите? Знаеме Дека Тоа Е Она Што Многумина Од Вас Го Посакуваат. Колку И Да Ги Сакаме Добрите Нишки, Понекогаш Сакате Да Напишете Сè Во Една Објава. Ве Разбираме И Затоа Воведуваме Подолги Твитови“, Објави Твитер Блу Профилот.

Kорисниците кои не се претплатени на Твитер блу не можат да објавуваат твитови подолги од 280 знаци, но ќе можат да ги видат објавите на оние коишто го прават тоа. Тие само треба да кликнат „види повеќе“ за да го погледнат целиот твит.

Read Previous

Детектор анкета: Две третини од граѓаните велат дека се зголемува корупцијата во државата

Read Next

Киев воведе санкции за уште 200 руски граѓани и поединци поврзани со Русија, вклучително и советници на Путин