Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала денеска напладне го погоди југоисточниот дел на Албанија.
Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од градот Корча, на длабочина од 12 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Засега нема информации за материјална штета.