ноември 23, 2024

Албанската влада усвои предлог-договор за соработка со РСМ за борба против организираниот криминал

Албанската влада на вчерашната седница усвоила Предлог-договор за соработка со Република Северна Македонија за формирање заедничка група за борба против организираниот криминал, јавија албанските медиуми.

– Врз основа на овој договор ќе се создаде заедничка група која ќе се занимава со одредени прашања поврзани со организираниот криминал. Ова е многу значаен документ со кој уште повеќе се доближуваме кон нашиот сосед и пријател, РСМ. Со нашите македонски колеги минатата година сме имале најмалку 20 заеднички успешни акции, изјавил Бледи Чучи, министер за внатрешни работи.

Според него, договорот се очекува набрзо да биде ратификуван во Парламентот на Албанија.

Read Previous

ММА бара извинување од министерот Бектеши

Read Next

Се тестира најголемиот автономен електричен товарен авион досега