ноември 23, 2024

(Бомбата од ,,Титаник 2″) Мијалков до Тачи: Хитна ургенција, да гласате за нашиот приговор за Струмица!

Денеска поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и лидерот на ДПА Мендух Тачи, беа осудени на по две години затвор за случајот „Титаник 2“.

Според обвинението, станува збор за изборни нерегуларности сторени на локалните избори во 2013 година, кога Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица. Ибраими, требало да гласа во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, а на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Во текот на судската постапка беа презентирани и два телефонски разговори меѓу Мијалков и Тачи, а кои беа објавени и јавно како дел од ,,бомбите” кои пред неколку години ги презентираше СДСМ.

Првата бомба откриваше разговор меѓу Мијалков и Тачи. Тогашниот директор на УБК му се јавува на лидерот на ДПА, Тачи и бара услуга од него, односно бара ургенција за гласање на седница на ДИК.

,,Мендух, што правиш? Имам една хитна ургенција до тебе, му вели Мијалков на Тачи, па продолжува: “Можете ли да гласате за нас за да се усвои приговорот за Струмица, му вели Мијалков.

Тачи, како од пушка, одговара: Нема проблем!… Секогаш сум тука за вас!

Вториот разговор пак е меѓу Тачи и Бедредин Ибраими, во кој Тачи му вели: “Сега ја имате Струмица, ќе гласате за да се поништи, зошто сме договорени за Чаир”.

Двегодишна затворска казна им беше изречена и на обвинетите поранешни членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска.

извор:Фокус

Read Previous

Претседателот Пендаровски побара Владата да го прогласи бугарскиот европратеник Џамбаски за „персона нон грата“

Read Next

Чаир, Аеродром и Кисела Вода добиваат монтажни катни гаражи и нови „пајаци“