ноември 23, 2024

Мисијата на ОБСЕ во Скопје за компромитираната Фејсбук страница: Ова е потсетник за кибер нападите

Официјалната Фејсбук страница на Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше неодамна хакирана. Од Мисијата во Скопје велат:

-Веќе ги презедовме сите неопходни чекори за да го пријавиме нападот кај менаџерскиот тим на Фејсбук и додека истиот не се реши, сите објави или пораки добиени од хакираната страница не се авторизирани од ОБСЕ.

Овој инцидент е уште еден потсетник за сајбер-заканите во денешното дигитално доба, кои без исклучок ги погодуваат приватните бизниси, владата и меѓународните организации.

Read Previous

(ВИДЕО) Цензура или слобода на говор? Информативен мрак ја покри Русија

Read Next

Бектеши: Сите енергетски капацитети во земјава работат со полн капацитет