ноември 24, 2024

Арсовска го честита Богојавление – Водици: Да ги негуваме хуманоста и солидарноста, да живееме во разбирање и слога

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, денеска упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до свештенство и монаштво, како и до сите православни верници во Македонија и дијаспората по повод големиот христијански празник – Богојавление Водици.

По повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици, симболот на духовното раѓање и спасението, градоначалничката Арсовска присуствуваше на положувањето на светиот Крст во водите на реката Вардар на Мостот Слобода, кој денеска по трет пат успеа да го фати Христијан Ниневски на кој Градот Скопје пожелувајќи му успех и среќа традиционално му додели златник и икона.

„Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и посакувам спокој, добро здравје и радост. Да ги негуваме хуманоста и солидарноста, да живееме во разбирање и слога, со грижа и внимание за секој. Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление- Водици! Бог се јави!“ – рече Арсовска.

Read Previous

Васко Довлев од Варош го извади осветениот крст од Охридското Езеро

Read Next

Мицкоски: ЕСМ лани потроши 230 милиони од кои 50-тина милиони евра завршија во приватни џебови со тендери во четири очи