Денеска во 00.45 часот во гостиварски Сенокос полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Џ.(32) од истото село.
При претрес извршен со судска наредба во дом и други помошни простории каде што живее И.Џ. и при преглед кај него му биле пронајдени и одземени три ќеси со поединечни пакувања марихуана и дигитална вага.
Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка по што ќе следи и соодветен поднесок.