ноември 25, 2024

ЗНМ побара од Арсовска Град Скопје да ја подобри комуникацијата со новинарите

На барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), се одржа средба на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со претседателот Младен Чадиковски и претставници на ЗНМ.

На средбата, претставниците на ЗНМ и градоначалничката Арсовска дискутираа за одржување на редовни брифинзи со новинарите како начин за унапредувањето на транспарентноста на Град Скопје, при што во интерес на двете страни и јавноста е неделно да се брифира за настани поврзани со работата на градот.

Ставот на ЗНМ е дека многу е важно администрацијата на Градот Скопје да биде отворена и транспарентна кон новинарите бидејќи тие играат клучна улога во информирањето на јавноста. Професионалните новинари помагаат на избраните функционери да бидат транспарентни пред граѓаните преку известување за нивните активности, политики и резултати, со што се гради доверба и кредибилитет. Дополнително, со слободниот проток на информации, се овозможува придвижување кон функционална демократија.

Read Previous

Во Прилеп 14-годишниот Марко Ристески е најсреќен и го фати осветениот крст

Read Next

Научници сакаат да складираат енергија во стари напуштени рудници