ноември 23, 2024

Арсовска смени дел од скопските директори, нови ќе добијат „Водовод“, МКЦ и Зоолошка

Градот Скопје изврши серија смени на директорски позиции, па така нови директори добија Јавното Претпријатие „Водовод и Канализација“, Зоолошката градина и македонскиот културен центар. Иако им завршил мандатот, дел од нив за ТВ 24 велат дека се со соодветно раководно и работно искуство и не заслужуваат да бидат сменети. 

Во ЈП „Водовод и Канализација“ е назначен Драган Илиевски со повеќе од 20 години работно искуство. Досегашниот директор Марјанчо Митовски беше назначен од редот на вработените и продолжува со ангажман како секторски директор.

Нов директор на Зоолошката градина е Зоран Попов. МКЦ ќе добие нов директор по евалуацијата на биографиите. Косана Мазнева назначена има нов мандат и продолжува да ја извршува функцијата директор во Комунална Хигиена, информираат од градот.

Овие промени на директорски места биле огледало на подвоениот и импулсивен карактер на Арсовска која со ова ја зацврснува и ја задоволува коалицијата која е збир на криминалните апетити на СДС, уценетата ГРОМ, фолирантите од Левица и менторите за лажење и криминал ДУИ, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Со овие најнови кадровски одлуки Арсовска го обликуваше злосторничкото здружување по нејзина мерка, и ја прашуваме  кога ја говореше вистината кога велеше дека Марјанчо Митовски е најдоброто решение за Водовод и канализација или сега кога го разрешува? 

Советникот од редовите на СДСМ Гордан Шутаров за Телевизија 24 вели дека именувањата се во надлежност на градот, но тие ќе бараат одговорност за непочитувањето на условите за именување.

Како советничка група во неколку наврати апелиравме дека назначувањето на ВД. Директорот на ЗОО е незаконско од причина што не доаѓа од редот на вработените во установата и апелиравме за почитување на законските предвидени услови. Надлежностите на советот во овој домен е само да носи акти, одлуки и да расправа по нив, но не и да именува и разрешува директори, но имаме надлежност во делот на поставувањето на советнички прашања и повикување на одговорност, Гордан Шутаров Советник од СДСМ во Град Скопје.

Овие директорски промени најмногу револт предизвика во Македонскиот културен центар од каде со соопштение излегоа со коментар дека МКЦ повторно е на мета на партиските игри.

Извор: 24

Read Previous

УСАИД ќе обезбеди 125 милиони долари помош за Украина

Read Next

Осуден за тешка кражба си се шетал низ Македонија, наместо да биде во затвор