ноември 23, 2024

Полицајка заработи кривична пријава, земала пари од Грци за да не ги евидентира на ГП Богородица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против С.А., полициска службеничка во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“ по член 357 ст.1 од Кривичниот законик.

Пријавената на 21.12.2022 околу 12 часот побарала и примила поткуп (пари) за да не изврши службено дејствие кое била должна да го изврши, односно да не ги евидентира оштетените (грчка државјанка и нејзиниот сопатник) во системот на контрола на патници и возила дека оствариле излез од Република Северна Македонија кон Република Грција. Против С.А. е поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место.

Read Previous

Антикорупциска со иницијатива за утврдување одговорност на министерот Оливер Спасовски

Read Next

Според бројот на нови електрани, Северна Македонија е Елдорадо за обновливи извори