ноември 23, 2024

Ковачевски: Трети земји кои сакаат да имаат геостратешко глобално влијание тоа го прават и на територијата на Западен Балкан

На територијата на Западен Балкан е евидентно дека трети страни сакаат да извршат влијание, бидејќи земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и нашата имаат јасна ориентација за придружување во ЕУ и најголем дел во НАТО, вели премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање во контекст на изјавата на претседателот Пендаровски за руското влијание на Западен Балкан.

Трети земји кои сакаат да имаат геостратешко глобално влијание, дополни премиерот, тоа сакаат да го направат и на територијата на Западен Балкан.

Тие, се надоврза тој, во текот на изминатата деценија „имаат изградено одредена инфраструктура составена од политички партии кои се поддржани и финансирани од трети земји, како и медиуми, аналитичари и поединци кои се исто така поддржани од трети земји“.

– Начинот на кој владите се борат за да го промовираат во јавниот простор тоа што е стратешка определба на државите е пред се транспарентно и редовно информирање на јавноста за политиките  што ги водат, за процесот на интеграции кој го водат како што ние денес тоа го правиме и со обезбедување на поддршка во што поширок круг во општество, не само на политичките елити, туку и на научната јавност, невладините организации, деловната заедница итн., заклучи Ковачевски.

Read Previous

Ковачевски потврди, можно е Алијанса за Албанците да влезе во Влада

Read Next

Антикорупциска со иницијатива за утврдување одговорност на министерот Оливер Спасовски