„Видовме дека групата „Вагнер“ сака да регрутира војници од Србија и од други места, и тоа е нешто што сметаме дека не може да се прифати“
Советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, ја критикуваше руската платеничка група „Вагнер“ и нејзините активности во Србија.
„Видовме дека групата „Вагнер“ сака да регрутира војници од Србија и од други места, и тоа е нешто што сметаме дека не може да се прифати“, рече Шоле по средбата вчера со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.
На крајот од мини-балканската турнеја, Шоле рече дека групата „Вагнер“ е вклучена во непристојни активности низ светот, без разлика дали е тоа во Либија, Централноафриканската Република или во Украина.
„Разговаравме за нашата загриженост и со нетрпение очекуваме да работиме со Владата овде во Белград и на други места каде што „Вагнер“ е активен за да се стави крај на нивните активности“, рече американскиот претставник.
Тој ја повика Србија да воведе санкции кон Москва.
„Постапките на Русија не само што треба да се осудат, туку и да бидат казнети“, рече Шоле.
Руската група „Вагнер“ во декември објави дека отворила културен центар во Белград.
Според соопштението, Центарот „Орли“ работи на соочување со руските либерали кои избегаа од Србија и работат против Москва.
„Вагнер“ одигра голема улога во војната во Украина, како и во анексијата на украинскиот регион Крим во 2014 година.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во 2020 година упати критики за платениците на „Вагнер“ кои се борат во Либија како поддршка на Калифа Хафтар, воен лидер кој се бореше против легитимната либиска Влада и ги поткопа напорите за мир и единство во Либија.
извор: AA