ноември 23, 2024

Се огласија од Клиниката Жан Митрев за обвинението: Се гледаме на суд!

Се гледаме на суд е нашиот одговор на денешната одлука на Основното јавно обвинителство да се гони д-р Жан Митрев  за измама, велат од Клиниката Жан Митрев откако обвинителството соопшти дека е поднесено обвинение против д-р Жан Митрев, а како резултат на документарецот „Нечиста крв“ објавен од ИРЛ пред неколку месеци.

Од Клиниката Жан Митрев вела:

Оваа лакрдија од неосновани напади на суд ќе мора да се докаже, а ќе биде тешко да се докаже бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил измамен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите. Со тоа на суд ќе падне и самото обвинение на ОЈО.

Повторуваме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Со ова ќе ја докажеме вистината и фактичката состојба, за нашата работа дека се што беше направено во Клиниката Жан Митрев, беше направено за пациентите и според дозволени методи и стандарди на лекување.

Ние како клиника, во текот на целиот овој процес целосно соработувавме со институциите и ги отстапивме сите наши материјални и човечки капацитети со цел вистината да излезе во јавност и транспарентно да се докаже дека наша цел и функција отсекогаш била да лечиме и да им дадеме најдобра медицинска нега на пациентите. Така и ќе остане во иднина.

Read Previous

СВР Тетово предупредува на измами со наводни пораки од српското МВР

Read Next

Земјотрес во Турција, почувствуван и во Грција