ноември 23, 2024

Беса не оди во Тирана на иста маса со Ахмети

Движењето Беса ја поздравува поканата на премиерот на Албанија, Еди Рама за заедничка средба на лидерите на албанските политички партии во Тирана, но додаваат дека не гледаат потреба да седнат на иста маса со Али Ахмети и ДУИ, пренесува Алсат.

„Ние како Беса воопшто немаме дилема во однос на политичките цели во корист на интересите на Албанците во Република Северна Македонија од страна на премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама. Наша грижа е со целите и политичките трикови на ДУИ и Али Ахмети. Ние како Беса позитивно одговараме на поканата на премиерот Еди Рама, но немаме потреба и не  гледаме за разумно да седиме на маса со ДУИ на Али Ахмети секогаш кога тој треба да се спаси“, изјави Фарук Авзиу, портпарол на Беса.

Причините за средба не се соопштуваат во поканата на Рама, но се дознава дека ќе се фокусира на поддршката за уставните измени и евроинтегративните реформи.

Read Previous

Холштајн: Уставните промени не се болни за Македонија

Read Next

Близу 30.000 македонски граѓани празниците ги поминале во Грција