Традиционално вечерва во црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров, заедно со народот кој го чествува Бадник кој е празникот со кој се навестува Рожденството Христово – Божик. Мигови на заедничка грижа, емпатија и надеж, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод Бадник.
„Во ова тешко секејдневие исполнето со несигурност, беспарица, сиромаштија, поделби, да покажеме енергија која ќе значи дека веруваме во идејата да се избориме за заедничка иднина, да покажеме заеднички патриотизам и промени кон подобро какви секој заслужува. Таквата борба за секој еден човек вреди. Заедно до целта. За многу години. Христос се роди“, стои во честитката на Мицкоски.