ноември 24, 2024

Бајден и Шолц се согласија да испратат борбени возила за да и помогнат на Украина

Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц се согласија денеска да испратат борбени возила за да и помогнат на Украина во борбата против Русија, соопшти Белата куќа.

– САД имаат намера да и достават на Украина борбени возила за пешадија „Бредли“, а Германија има намера да и обезбеди на Украина борбени возила „Мардер“. Двете земји планираат да ги обучуваат украинските сили за соодветните системи, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Бредли“ е оклопно возило со моќен топ, а за потребите на американската армија на боиштата се користи од средината на 1980-тите.

Киев побара од САД да испратат тенкови „Абрамс“ во Украина, што Вашингтон се уште не го одобри.

Read Previous

МНР ќе ја прекине кампањата за претседавањето со ОБСЕ

Read Next

Во Данска уапсени 135 лица поради парични измами на повозрасни луѓе