ноември 23, 2024

Средба на градоначалникот Дука и парохискиот намесник Ангеловски

Во пресрет на големиот христијански празник Рождеството Христово-Божиќ, градоначалникот на Дебар во неговиот кабинет оствари средба со намесникот на дебарската парохија, Миле Ангеловски.

– Разговаравме за улогата и значењето на религијата во духовното воспитување на населението, особено на младите. Дебар е модел на добри односи меѓу верските заедници кои функционираат во овој град и ова вековно богатство продолжува да се чува, рече Дука по средбата.

Додаде дека локалната власт отсекогаш придонесувала во оваа насока поддржувајќи ги барањата на верските заедници и помагајќи им да ги реализираат нивните потреби.

– Истовремено од мое лично име, Советот на општината и администрацијата на прагот на големиот празник, Божик, на отец Ангеловски му го честитав овој празник а преку него и на сите верници со желба за добро здравје и хармонија во нивните семејства и успеси во животот, нагласи Дука.

Порача до сите граѓани на општината да продолжат да го негуваат соживотот и верската толеранција наследена од нивните предци.

Отец Ангеловски се заблагодари за средбата, која, како и сите средби минала во пријателска и срдечна атмосфера и од свое име и во име на верниците за упатената честитка.

– Како прв човек на православната верска заедница искажав благодарност за поддршката што локалната власт секогаш, а сега и почитуваниот градоначалник Дука, ја дава за нашата заедница. Порачувам дека заедно со дебарскиот муфтија и верниците ќе продолжиме како светост да го негуваме вековниот соживот и верска толеранција, по што е препознатлив дебарскиот крај.

Read Previous

Костадиновска-Стојчевска: Арсовска три месеци не ни одговара за состојбата на Универзална сала

Read Next

Рафаел Надал: Ситуацијата не е идеална, но ми требаат победите!