мај 6, 2024

Ангеловски: Рационализација и реформи на институции кои создаваат дубиози

Треба повеќе да се сконцентрираме на рационализација, реформи на сите јавни претпријатија и институции кои создаваат дубиози со години и да отвориме посветла перспектива за идните генерцаии, порача вечерва претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски.

Тој во дневникот на Телевизија Сител соопшти дека компаниите треба да се мотивирани, вклучително и овие на регулираниот пазар, да инвестираат во обновливи извори. – И тоа е константно наше барање. Тука дефинитивно регулираниот пазар сè уште е заклучено поле каде не се доволува да се инвестира во обновливи извори затоа што не се откупуваат вишоците на електрична енергија. И тука државата мора да сфати дека ако целиот развиен свет оди кон обновливите извори дефинитовно мора да се либерализира пазарот на електрична енергија, рече Ангеловски. Додаде дека тоа воопшто не е едноствано, но алтернатива не постои.

Тој смета дека треба да им се дозволи на домаќинствата да инвестираат во обновливи извори. Според него, тоа е целокупен спас и на македонската економија и на буџетот на државата.

Прашан за најавената даночна реформа, Ангелоски изјави дека реформа има само со создавањето даноци, без соодветна рационализација на трошоците, нагласувајќи дека еден добар дел од даноците се неоправдани и дека треба да ги покријат на, како што рече, некој начин трошењата кои одредени државни институции неопрвдано ги направиле. Според него, мора длабински да се извршат реформи во целокупниот систем на финансии во републиката и многу работи, како што рече, да се креираат на многу поразличен начин.

За данокот за екстра профит, Ангелоски смета дека е излишен, создава правна несигурност и праќа, како што рече, многу лош сигнал. Според него, ние треба да ги наградиме тие кои создале натпросечни позитивни резултати, не треба да ги казнуваме.

Read Previous

Маричиќ: Секое поместување од европскиот пат ќе биде само неизвесност и политичка криза

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ: Надвор од функција единствениот ургентен центар за деца на Клиниката за детски болести