ноември 23, 2024

Можна предизборна коалиција СДСМ-ДУИ, Мицкоски вели: ВМРО-ДПМНЕ ќе освои огромно мнозинство од гласовите, без разлика како ќе настапат СДСМ и ДУИ

Тоа е само потврда на нашата теза дека ДУИ сака да го проголта СДСМ. Не е далеку од вистината тоа да се случи. Но, тоа ќе значи само дополнително фрагментирање на СДСМ, иако изгубија многу во изминатиов поред посебно последната година по локалните избори. Таму има многу членови кои не се гледаат себе си во политичка коалиција со ДУИ. И тоа ќе значи природно создавање на некоја друга опција, а таму ќе останат малку, претпоставувам актуелното раководство на СДСМ, Зечевиќ и Ковачевски кои што ќе продолжат да бидат во скутот на ДУИ бидејќи ќе бидат малцински партнер,вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за порталот Вечер одговарајќи на прашањето кои се неговите планови со оглед на тоа дека можна е предизборна коалиција на СДСМ и ДУИ.

Мицкоски потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ го гледа интересот на народот и без разлика на оваа предизборно коалицирање помеѓу СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ се бори за освојување на мнозинство гласови.

Тие ќе имаат неколку десетици илјади гласови кои ќе ги додадат на гласовите на ДУИ во една таква коалиција. Дел од гласачите во таква ситуација ќе се деполизизираат, дел ќе дојдат кај нас, дел во некои од актуелните политички партии, дел пак кај некои кои можеби допрва ќе се појават. И на тој начин СДСМ ќе се соочи со еден навистина голем предизвик, а тоа е да продолжат да бидат алатка на ДУИ или пак да престанат да постојат во оваа форма. И тоа ќе биде погрешен чекор, но тоа е нивна одлука како мислат да настапат. Ние го гледаме интересот на нашата држава. Ние ќе освоиме огромно мнозинство гласови ќе имаме најголем број пратеници, се бориме за мнозинство во парламентот и цениме дека не е невозможно да го постигнеме, рече тој.

Read Previous

Французите јадат остриги против мамурлак, пробајте и вие

Read Next

Дигитализација на правосудството, опрема има, ама кадри нема!