Како никогаш досега во Скопје изостана предновогодишната атмосфера. Ковид кризата, енергетската, економската, инфлацијата, сите овие работи ги погодија македонските граѓани кои се потешко живеат со нивните примања. Но, веројатно заслужија подобра новогодишна атмосфера, колку толку да заборават на секојдневните проблеми и маки, па новата 2023-та да ја дочекаат во новогодишно расположение. Иако имаше прослава на плоштадот во Скопје, сепак го немаше гламурот како претходните години. Елката мала, украсувањето беше колку да се каже дека има, а за оној огномет точно на полноќ да не зборуваме. Колку за споредба, погледнете какво пиротехничко шоу имаше во Белград, град чии граѓани ги имаат истите проблеми како и скопјани.