Во Ватикан пристигнуваат пораки со сочувство по повод смртта на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти кој почина денeска на 95-годишна возраст.
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш изjaви дека „го паметиме папата Бенедикт како скромен човек на молитва и проучување“. Тој нагласи дека покојниот папа бил „принципиелен во својата вера, неуморен во потрагата по мир и решителен во одбраната на човековите права“.
Сочувство изразија и францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Макрон на Твитер се сеќава на Бенедикт како шампион за „побратски свет“ и истакна дека неговите мисли се „со католиците во Франција и низ целиот свет“ кои се во жалост.
Фон дер Лајен, исто така, на Твитер изрази сочувство.
„Тој даде силен сигнал преку неговата оставка. Тој се виде себеси прво како слуга на Бога и на неговата Црква, напиша таа.