ФРАНЦИЈА е последниот полуфиналист на Светското првенство во Катар.
Бранителот на титулата ги совлада Англичаните со 2:1 и со тоа го добија тестот со Мароко, кој се игра во среда од 20 часот.Головите за Французите ги постигнаа Орелиен Шуамени и Оливер Жиру, додека за Англичаните Хари Кејн погоди од белата точка, но потоа промаши уште еден пенал.