ноември 22, 2024

Големо апсење вечер во Скопје: Падна познат криминалец осуден на 15 години затвор

вчера (08.12.2022) во 17.20 часот во скопската населба Хиподром, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Л.(31) од Скопје.

Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член 236 и член 242 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од пет години и пет месеци.

Лицето ќе биде предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Read Previous

Зелен хуман град: Град Скопје навремемо и транспарентно да ги објавува решенијата за интервенција врз зеленило

Read Next

Исчезна 15-годишно момче