ноември 24, 2024

Закани за бомби во Народна Банка и девет средни училишта

Народната банка, Управата за јавни приходи и девет средни училишта добиле закани за бомби утрово. Во моментов има акција за евакуација од НБРМ и како од УЈП кои се во истата зграда, како и вработените од Централен депозитар, централен регистар, КИБС и КАСИС.

Полицијата даде соопштение само за закани од бомби во девет средни училишта.

„Околу 9.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Read Previous

Два воза се судрија кај Барселона, најмалку 155 повредени

Read Next

Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8