ноември 22, 2024

Закана за бомба во Народна банка и УЈП, полицијата на терен

Закана за поставена бомба, пред половина час пристигнала на мејлот во генералната дирекција на Народна банка на Македонија (НБРМ), објави Нова ТВ. Извори за НоваТВ, сведочат дека во моментов се евакуираат вработените од повеќе финансиски институции сместени во овој објект во Скопје.

Вработените од УЈП, Централен депозитар, Централниот регистар за хартии од вредност, КИБС, КАСИС, масовно го напуштаат објектот.

Полицијата е на терен и ги утврдува деталите за заканата.Ова е прва закана со бомби во јавни институции по неколку неделните закани со бомби во училиштата.

Read Previous

Милков: Изјавите на Костадин Костадинов не ја одразуваат официјалната позиција на Бугарија

Read Next

Османи: Треба да ја искорениме корупцијата, го поздравуваме засилениот ангажман на САД