ноември 23, 2024

Рама: Самитот во Албанија е знак за стабилизирачката улога што ја имаме во регионот, ЕУ е тука за нас

На заедничката прес-конференција со Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, премиерот на Албанија Еди рече дека ова е првпат ЕУ да ги напушта границите на ЕУ за да одржи самит, а такво нешто се случува во Албанија, додавајќи дека Советот на Европа е адвокат за регионот на Западен Балкан.

Тој додаде дека ЕУ е тука за Западен Балкан и дека доаѓањето во Албанија е „знак на свесност за благодарноста кон нашата земја“.

-Никогаш не сме имале претседател на Советот или на регионот кој бил толку решен да биде застапник на регионот, за да се погрижи процесот да не замре во агонија. Би сакал да ја истакнам историската димензија на овој самит, тоа е првпат кога ЕУ ги напушта границите на ЕУ да одржи самит, тоа се случува во Албанија. Го гледам како извонреден знак, како знак на свесност, како благодарност за нашата земја, за нејзината улога во регионот,  како фактор на стабилност и соработка, изјави Рама.

Сакам да верувам, рече тој,  дека тоа е моментот кога сите луѓе во регионот ја добиваат пораката дека ЕУ е тука за нас, тука за вас и оти Албанците се најпроевропската нација во Европа.

-Не дека сме наивни, туку дека доаѓаме од вистински пекол, доаѓаме од пеколот на изолацијата, на неможноста да се поврземе со Европа. Имавме моменти на страдање, но никогаш не се откажавме од вербата во Европската Унија. Ова не е крајот на нашето патување кон ЕУ, но тоа е камен-темелник, посочи тој.

Рама најави и дека Европската Унија следната година ќе и помогне на Албанија со 85 милиони евра во однос на новите извори на енергија за да се оттргне од руското влијание.

-Огромна благодарност, веќе добивме 85 милиони евра буџетска поддршка од ЕУ за следната година, но во исто време имаме уште еден пакет проекти. Регионот ќе биде инклузивен за нови извори на енергија и повеќе да се дистанцира од руското влијание. Ќе се сетам на нешто од оваа средба, кога бевме на групната фотографија и слушнав дека многумина велат „прекрасно сонце“, па успеавме да донесеме сонце по 10 дена лошо време, рече  Рама.

Тој на прес-конференцијата избегна коментар за нападот врз лидерот на ДП, Сали Бериша на денешниот протест на опозицијата, велејќи дека неговата реакција може да се прочита на веб сајтот на владата.

Read Previous

Дали ги налутивме Американците, тим за санкции пристигна во Македонија, Агелер со порака: Има потреба од повеќе истраги и гонења, никој не може да биде над законот

Read Next

Брегу: Крајната цел е роамингот со ЕУ да биде приближно како роамингот дома