ноември 23, 2024

Поради скапата енергија Унгарија затвора стадиони, библиотеки, театри, базени…

Драстичниот пораст на цените на енергијата ја принуди Унгарија да ги затвори библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во текот на зимата, пренесува АФП. Новите стадиони, симболи на моќта на десничарскиот премиер Виктор Орбан, кој е на власт 12 години, се последните во долгата листа на градби кои повеќе не можат да се носат со поскапувањето на енергијата.

Секешфехервар, еден од најбогатите градови во Унгарија, управуван од членови на партијата на Орбан, е еден од многуте што ги затворија своите музеи, библиотеки и театри за зимата. Градоначалникот Андраш Чер-Палковиќ најави дека новиот стадион, кој може да прими 14 000 гледачи, ќе биде затворен овој месец поради заштеда на трошоци.

„Јавните простори се она што го прави градот. Никој не е среќен поради овие мерки, но луѓето прифаќаат дека тие се неопходни“, изјави за АФП Чер-Палковиќ, член на владејачката партија Фидес.

Read Previous

Позната е и причината зошто камерунскиот селектор го избрка Онана

Read Next

Македонскиот државјанин осомничен за шверц на мигранти останува во притвор во Софија