ноември 25, 2024

Турнат семафор на на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово

Кумановци денеска реагираа дека повторно е турнат семафор на булеварот „Октомвриска револуција“.

– Општината навремено е известена и испративме екипи кои работат на поставување на семафорот, за да не се создава метеж на овој фреквентен булевар, изјави раководителката на секторот за комунални дејности, Лидија Ланг Спасовска.

Од СВР Куманово информираа дека немаат пријава за случена сообраќајна незгода на оваа локација и дека тие ја известиле општината за паднатиот семафор. Поради непочитување на сообраќајните правила, но и брзо возење на булеварите, несовесни возачи предизвикуваат материјална штета на вертикалната сигнализација.

Дел од кумановци бараат несовесните граѓани да ги платат трошоците за поставување и замена н сигнализацијата. Општина Куманово во јули годинава склучи договор со избрана компанија за одржување на вертикална сигнализација за што од општинскиот буџет одвои 1.106.034 денари. На јавната набавка меѓу четирите компании од државата беше избрана скопската компанија „Виа сигнал дооел“, се наведува на електронскиот систем за јавни набавки. 

Read Previous

Гарсија Перез: Ставете ги националните интереси над партиските

Read Next

Сопственикот на „Беса Транс“ не се чувствува виновен – судењето продолжува на 23 декември