– „Се чувствувам изигран, како некои луѓе да не ме сакаат тука, не само оваа година туку и минатата“, рече Роналдо во интервју за британската телевизија „ТалкТВ“
Кристијано Роналдо изјави дека се чувствувал изигран од Манчестер Јунајтед и тврди дека менаџерот на клубот, Ерик тен Хаг, се обидувал да го натера да го напушти тимот.
„Се чувствувам изигран, како некои луѓе да не ме сакаат тука, не само оваа година туку и минатата“, рече Роналдо во интервју за британската телевизија „ТалкТВ“.
„Не знам што се случува. Откако си замина сер Алекс Фергусон, не видов еволуција во клубот. Напредокот беше нула“, додаде тој.
Португалската суперѕвезда рече дека не го почитува Тен Хаг, велејќи: „Немам почит кон него затоа што не покажува почит кон мене. Ако вие немате почит кон мене, јас никогаш нема да имам почит за тебе.“
37-годишната суперѕвезда го критикуваше и поранешниот привремен шеф Ралф Рангник.
„На пример, интересен момент е како клуб како Манчестер Јунајтед го отпушти Оле, тие го доведоа спортскиот директор Ралф Рангник што е нешто што никој не го разбира“, рече тој.
„Овој човек не е ни тренер. Голем клуб како Манчестер Јунајтед кој донесе спортски директор, ме изненади не само мене, туку и целиот свет“, додаде Роналдо.
Тој беше исфрлен од тимот на „црвените ѓаволи“ за натпреварот од Премиер лигата против Челзи во 13-та недела, бидејќи Тен Хаг го казни поради рано напуштање на Олд Трафорд за време на натпреварот со Тотенхем Хотспур во 12-тото коло.
Португалската ѕвезда подоцна се врати на тренинзите со првиот тим.