ноември 22, 2024

Студентите закажаа протест пред Собранието

Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротиставиме на уништувањето на студентскиот стандард. Затоа, време е за студентски отпор, најавуваат студентите мирен протест пред Собранието за в понеделник во 16 часот.

Нивните барања се повлекување на предложените измени на Законот за студентски субвенциониран оброк и зголемување на оброкот од 120 на 150 денари. Студентите бараат изедначување на стипендиите со повискиот износ, изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја, подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови.

Студентите го закажаа овој протест откако неколкумина пратеници предложија измени во Законот за субвенциониран студентски оброк. Еден од потписниците на овој предлог, пратеничката Моника Зајкова денеска соопшти дека предлогот за овие измени се повлекува и ги повика студентите во понеделник во 16 часот да дојдат во Собранието и да се договорат за мерките за подобруивање на нивниот стандард.

Read Previous

Спасовски: Безбедносната состојба е стабилна и нема никакви индици за нарушување

Read Next

Од 15 ноември задолжителна зимска опрема во возилата