ноември 22, 2024

Цената на пелетите е ограничена на 27.000 денари за тон

Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27.000 денари за тон согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, информира денеска ресорниот  министер Крешник Бектеши.

-Одлуката за цените на пелетите и огревното дрво е донесена согласно анализите и предлозите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми. Во анализите за октомври просечната увозна цена за тон пелети е 22.940 денари, а цената која ја замрзнавме е 27.000 илјади денари по тон, рече Бектеши на денешната средба со новинарите.

Во замрзнатата цена, како што рече, се предвидени трошоците за ДДВ и транспорт, како и одредена маржа за трговците.

-Има разлика од повеќе од 4.000 денари по тон што сметам дека е солидна разлика за трговците да не се во загуба и да ги покријат сите режиски трошоци, прецизира Бектеши.

Продажната цена по килограм пелети во земјава е околу 55 денари, а со замрзнувањето ќе биде 27 денари за килограм.

Read Previous

Шахот почна да се изучува во основните училишта во Скопје

Read Next

Македонија ја изгуби шансата за поволен кредит од 100 милиони евра од ЕБОР за енергетската криза