ноември 22, 2024

Cудот во Минхен: Боатенг треба да плати 1,2 милиони евра

Cудот во Минхен го осуди германскиот фудбалер Џером Боатенг на парична казна од 1,2 милиони евра поради нападот врз неговата поранешна девојка и мајката на неговите две деца. Дефанзивецот на Лион минатата година првостепено беше казнет со 1,8 милиони евра, а судот во жалбената постапка ја намали таа казна, но пресуди и дека е виновен за напад и злоупотреба.

Обвинителството побара условна затворска казна од 18 месеци за 34-годишниот поранешен германски репрезентативец кој го освои Светското првенство во 2014 година.

Боатенг ги отфрли обвиненијата за време на жалбениот процес. Според неговата поранешна девојка, Боатенг ја удрил со тупаница додека биле на одмор на Карибите во 2018 година, откако германската репрезентација беше елиминирана во групната фаза на Светското првенство.

Таа за време на судењето изјави и дека поранешниот играч на Баерн фрлал кон неа разни предмети, и ги ставал прстите во очи, ја гризел и ја влечел за коса. Во жалбената постапка сведочеше нејзина пријателка и го потврди насилството./makfudbal/

Read Previous

Јонуз: Познавам Бугари на кои дете би им оставил да ми чуваат, народ за респект

Read Next

Почна лидерската средба меѓу претседателите на политичките партии