Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер ја откажа денешната посета на Киев поради безбедносни причини, соопштија од неговиот кабинет.
Тој бил советуван да не замине во Киев од страна на германските служби и Министерството за надворешни работи.
Нагласено е дека посетата сепак ќе се реализира и тоа наскоро.
Штајнамер планираше да го посети главниот град на Украина уште во април. Киев првично одби да биде домаќин поради неговата поддршка во минатото за политиката на зближување со Русија.