Холандската влада ќе инвестира 3,5 милијарди евра во воени набавки, соопшти Министерството за одбрана. Одлуката претставува промена на политиката во Холандија, и се презема како резултат на руската инвазија врз Украина. Холандските трошоци за одбрана се намалуваат со години, но сега армијата меѓу 2023 и 2026 година ќе купи ракетен артилериски систем и 10 хаубици во вредност од милијарда евра.
Холандија ќе купи и мобилен систем за ПВО за 2,5 милијарди евра, наведе државниот секретар во Министерството за одбрана Кристоф ван дер Мат во писмо до Парламентот.
Холандија нема ракетна артилерија од 2004 година, кога кратењето на воениот буџет доведе до продажба на нејзиниот тогашен систем за воздушна одбрана на Финска.
Во јуни, холандската влада соопшти дека ќе инвестира повеќе во војската, така што националниот одбранбен буџет ќе ја достигне целта поставена од НАТО од минимум 2 отсто од БДП.