Повеќе од 50 француски државјани, главно жени и деца, се вратени во земјата од курдските кампови во североисточна Сирија во последната операција за репатријација, соопшти Министерството за надворешни работи на Франција.
Според Министерството, вратени се 40 деца и 15 жени.
Децата се предадени на службите за заштита на децата и ќе бидат под медицински и социјален надзор, додека жените ќе бидат предадени на правосудните органи.
„Франција им се заблагодарува на локалните власти за соработката што ја овозможи оваа операција“, додаваат од Министерството.
Во септември, Европскиот суд за човекови права пресуди дека Франција мора да ги разгледа барањата за репатријација на две Французинки кои отпатувале во Сирија со нивните партнери за да се приклучат на ИД. Имаше барања и за деца кои се родени таму.
Хјуман рајтс воч вели дека повеќе од 40.000 странски државјани, главно Ирачани, сè уште се во камповите.