ноември 22, 2024

ЕУ со рекордно производство електрична енергија од обновливи извори

Европската унија од почетокот на руската инвазија врз Украина произведува електрична енергија од обновливи извори повеќе од било кога досега.

Според податоците објавени во студијата изготвена од тинк-тенковите „Ембер“ и „ЕЗГ“, во периодот од март до септември 24 отсто од електричната енергија во ЕУ била произведена од соларни електроцентрали и оние на ветар.

Споредено со истиот период минатата година, улеството на соларната и еолската енергија за производство на струја е зголемено за три процентни поени. Во посочениот период се произведени вкупно 345 терават-часови (TWh) електрична енергија од ветер и сончева енергија, што е за 39 TWh повеќе отколку лани.

Германија во односниот период достигнала рекорд со произведени 104 TWh електрична енергија од сонце и ветер. Рекордно производство електрична енергија од ветер и сончева енергија постигнала 19 земји од ЕУ, меѓу кои Франција, Италија, Полска и Шпанија.

Со рекордното зголемување на употребата обновливи извори, избегната е потребата од набавка на осум милијарди метри кубни природен гас, по цена од 11 милијарди евра, се посочува во соопштението објавено во врска со резултатите од студијата.

Read Previous

Британија се обидува да го запре регрутирањето британски пилоти за обука на кинеската војска

Read Next

ССМ: Ковачевски, Тренчевска и Бесими потврдија, мерките кои се донесени нема да се применуваат, односно нема намалување на плати и губење на работни места