Две жени загинаа, а 10 лица се повредени при пад на висечки мост во градот Овчар Бања во Србија.
Висечкиот мост на Западна Морава се урна во реката поради големиот број луѓе на него. Сега е објавено видео од моментот на уривање на мостот.
Луѓето што се нашле на мостот биле во обиколка на манастирите во Србија, а Овчарско-кабларската клисура им била само попатна станица. Два автобуси од Зворник застанале таму за луѓето да одморат.
Тие се упатиле кон манастирот Јовање, а свештеникот што бил со нив ги предупредил да го преминат мостот во помали групи. Патниците не го послушале свештеникот и дошло до пад на луѓе во Западна Морава, пишува Кликс.
Голем број спасувачи, полицајци и над 80 лекари и медицински сестри се на терен, ги извлекувале луѓето од реката и им давале лекарска помош.