ноември 22, 2024

Османи: Ердоган може да го убеди Вучиќ да го признае Косово

Претседателската на Косово, Вјоса Османи смета дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган може да го убеди нивниот српски колега, Александар Вучиќ да ја признае независноста на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за Светскиот сервис на турската државна телевизија ТРТ (TRT World), кое синоќа го пренесе на нејзината официјална страница на Фејсбук, Османи го покани нејзиниот турски хомолог да го посети Косово.

– Јас верувам дека турскиот претеседател, Ердоган може да има мошне значајна улога во убедувањето на Вучиќ дека единствениот пат за обезбедување долгорочна стабилност во Западен Балкан е признавањето на косовската независност од страна на Србија, рече Османи.

Напоменувајќи дека дијалогот меѓу Косово и Србија сепак се одвива со посредство на Европската унија, косовската претседателка нагласи дека Србија не почитува низа од договорите кои ги потпишала.

– Ердоган може да ги убеди да ги одржат ветувањата, изјави Османи. 

Read Previous

Тајпеј: Воена конфронтација со Кина „не е опција“

Read Next

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан