ноември 22, 2024

Македонија падна за едно место на најновата ФИФА листа

Фудбалската репрезентација на Македонија не ги плати скапо поразите од Грузија и Бугарија во Лигата на нациите затоа што падна само едно место на најновата ФИФА-листа.

Нашиот национален тим на листата објавена во октомври се наоѓа на 65-тата позиција. Претходно, „рисовите“ беа на 64 позиција на светското рангирање. Околу нас се наоѓаат Исланд, Словенија, Јамајка, Албанија, Јужна Африка, Иран…

На првото место на светската листа се наоѓа Бразил, пред Белгија и Аргентина кои ја комплетираат најдобрата тројка. Потоа, следат Франција, Англија, Италија, Шпанија. Холандија, Португалија и Данска./Gol.mk/

Read Previous

ОПЕК+ се согласи да го намали производството, игнорирајќи ги молбите на САД

Read Next

Се подготвува закон за амнестија на лицата кои ги прекршиле Ковид протоколите