ноември 22, 2024

Зеленски: Украинската армија ослободи десетици градови во јужните и источните делови на земјата

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека украинската армија постигнала голем, брз напредок против руските сили и ослободила од окупација десетици градови на југот и на истокот на земјата.

„Украинската армија напредува на прилично брз и моќен начин на југот на земјата во контекст на сегашната одбранбена операција“, рече Зеленски во видео-обраќање.

Според него, само оваа недела, по рускиот „псевдореферендум ослободени се десетици населени места во регионите Херсон, Харков, Луганск и Доњецк“.

На 30 септември рускиот претседател Владимир Путин потпиша документи со кои се официјализираше обидот на Русија да ги анектира украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, чии делови беа окупирани од руските сили. Претходно, Москва организираше референдумско изјаснување во тие четири региони што беше отфрлено од меѓународната заедница. 

Read Previous

Бајден ги поздрави американските Евреи со празникот Јом-Кипур

Read Next

Велика Британија предлага план за забрана на бегалците кои илегално го минуваат Ламанш да бараат азил во државата