САД бараат од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК+) да не презема значителни намалувања на производството, во мигови кога претседателот Џо Бајден се обидува да го спречи растот на цените на бензинот во САД.
Вашингтон ги известил земјите од ОПЕК + дека намалување на производството во вакви услови нема економска логика.
Според неименувани извори, ОПЕК+, кој ги вклучува Саудиска Арабија и Русија, работи на намалување на производството за повеќе од милион барели дневно, кратења што би можеле да доведат до пораст на цената на нафтата.
Во Женева денеска се очекува ОПЕК + да ја одреди својата производствена стратегија за ноември. Прогнозите одат во насока на намалување на производството за да се стабилизираат цените на суровините, објавува агенцијата ДПА.