ноември 21, 2024

Концерт „Со љубов за Тоше“ во Крушево

Под наслов „Со љубов за Тоше“ вечер од 19:00 часот на платото на Гумење во Крушево, пред спомен куќата на Тоше Проески, ќе се одржи концерт во спомен и сеќавање на големата наша и балканска музичка ѕвезда.

Голем број негови пријатели и музичари ќе ги изведат неговите безвремени песни. Пред најавената многубројна публика и фановите на Тоше кои во Крушево ќе дојдат од цела земја, ќе настапат: Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Каролина Гочева, Дани Димитровска, Бени Шаќири, Ѓоко Танески, Мартинијан Кириловски, Јоце Панов, Омар Џафероски, како и солистите на НОБ Билјана Јосифов и Влатко Груески, во придружба на Камерниот оркестар на Битола и бендот на Тоше, кој се собра повторно во чест на Тоше.

Настанот е во спомен на последниот концерт којшто Тоше го одржа во Скопје на 5 октомври 2007 година, пред неговото трагично загинување во сообраќајната несреќа на 16 октомври пред 15 години.

Пред почеток на концертот изведувачите и солистите ќе положат цвеќе на гробот на Тоше.

Организатор на концертот е Спомен-домот на Тоше, а е финансиски поддржан од Министерството за култура.

Read Previous

Анкета: Рејтингот на Бајден забележа уште еден пад

Read Next

СДСМ и ЛДП против широка коалиција, во ДУИ најавен отчет за сработеното пред ново претседателство