септември 22, 2024

Меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во ЈИЕ“

Во организација на Младински Сојуз – Крушево, од денеска до 3 октомври во Крушево, ќе се одржи 20-то јубилејно издание на Меѓународната младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“.

Над 80 млади луѓе, активисти и идни лидери од 19 држави (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Италија, Романија, Србија, Словенија, Турција, Германија, Франција, Полска, Словачка, Унгарија и Чешка) ќе можат да говорат и разменуваат мислења, ставови и идеи за европската иднина на регионот и суштината на европските вредности.

Конференцијата, како платформа за регионална соработка, веќе дваесет години по ред гради нови генерации на млади лидери, преку зголемување на младинските капацитети за носење на одлуки и заеднички настап за остварување на младинска соработка и интерес.

Главната цел на конференцијата е да се дадат конкретни младински одговори на едни од најгорливите прашања за регионот со фокус на европската интеграција, во форма на Блупринт со конкретни младински предлози и препораки кои ги опфаќаат донесувачите на одлуки, но и младите од регионот.

На конференцијата најавено е обраќање на германската амбасадорка Анке Холштајн, поранешната вицепремиерка за европски интеграции во Северна Македонија Радмила Шекеринска, поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи во Грција Никос Коѕијас, евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир и други.

Конференцијата е организирана со поддршка на Германската Амбасада во Скопје, а во соработка со Регионалната младинска канцеларија за соработка, Фондацијата „Фридрих Еберт“, Регионалниот Совет за соработка и Германската Фондација „Фридрих Науман“.

Read Previous

Седница на собраниската Комисија за европски прашања

Read Next

АВМУ ќе го одржи третиот јавен состанок