ноември 22, 2024

ЕК: Протекувањето на гасот во „Северен тек“ е чин на саботажа

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа изјави дека протекувањето на гасоводот во гасоводот „Северен тек“ во Балтичко Море е „чин на саботажа“.

„ Со данската премиерка Мете Фредериксен разговарав за чинот на саботажа на „Северен тек“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

„Најважно е да се истражат инцидентите и целосно да се расветлат настаните и нивните причини. Секое намерно нарушување на активната енергетска инфраструктура во Европа е неприфатливо и ќе резултира со најсилен можен одговор“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Read Previous

Професори од Филозофскиот факултет-Скопје учесници на глобалната конференција за справување со ризици и кризи во Хрватска

Read Next

Зеленски: Референдумот е фарса