ноември 24, 2024

Пентагон: САД немаат забележано промени на состојбата на нуклеарните сили на Русија

САД засега немаат забележано промени на состојбата на нуклеарните сили на Русија, што би предизвикало промени на состојбата на американските нуклеарни сили, укажа синоќа портпаролот на Пентагон Пат Рајдер. 

Тој рече дека САД, секако, ги примаат мошне сериозно нуклеарните закани од Русија. 

-Општо земено, Русија исто така не врши значајни измени на состојбата и на своите конвенционални сили, покрај она што се случува во регионот на Донбас со обидите на Русите да извршет офанзивни напади во таа област, и со Украина успешно држејќи ги своите линии, изјави бригадниот генерал Рајдер. 

Тој истакна дека САД продолжуват да бидат фокусирани и да работат блиску со сојузниците и партнери за подршка на Украина „во својата борба“ против руските сили. 

Read Previous

Основачката на Глобален клуб на жени лидерки Г 100, Харбин Арора во посета на Скопје

Read Next

Мелони: Украина може да смета на поддршка од новата италијанска влада