ноември 24, 2024

Меѓународна работилница за поефикасна селекција и рециклирање на амбалажниот отпад

Во организација на компанијата „Пакомак“ денеска и утре во Скопје ќе се одржи меѓународна работилница, на која ќе се дискутира како до поефикасна селекција и рециклирање на амбалажниот отпад. 

На работилницата, како што е најавено, ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Регионалните компании кои се членки на организациите ПРО ЕУРОПЕ и ЕКСПРА со седиште во Брисел, ќе дискутираат и разменат искуства како да ги зголемат стапките на селекција и рециклирање на амбалажниот отпад.

На оваа работилница, освен менаџментот на компаниите од земјава, од Грција, Бугарија, Србија, Романија, Унгарија и Босна и Херцеговина, ќе учествуваат и претставници од Белгија, Чешка и Кипар, како и целиот менаџмент тим на ЕКСПРА од Брисел.

Во изминативе 11 години, „Пакомак“ третпат е домаќин на овој годишен собир, како една од најзначајните компании кои со иновативни пристапи има континуиран раст на рециклираните количини.

Read Previous

Седници на три собраниски комисии

Read Next

Основачката на Глобален клуб на жени лидерки Г 100, Харбин Арора во посета на Скопје