ноември 21, 2024

Штрајк на вработените во јавниот превоз во Атина

Без метро, трамваи, автобуси и тролејбуси е денеска Атина, поради 24-часовниот штрајк на вработените во јавниот превоз и нивното учество во штрајкот свикан од Атинскиот работнички центар, јави дописничката на МИА од Атина.

Причината за штрајкот е новиот закон на грчката Влада за јавните претпријатија и јавните организации, закон кој според вработените во јавниот превоз, ги олеснува приватизациите, предвидува и низа регулативи, кои водат до раскинување на работните односи.

Управите на компаниите на јавниот превоз во Атина побараа од надлежниот суд да донесе одлука дали штрајкот е законски, а конкретното барање се очекува да биде разгледано напладне.

Штрајкот утрово предизвика сообраќаен хаос во Атина, а вработените во јавниот превоз заедно со Атинскиот работнички центар закажаа и протест пред Министерството за финансии.

Read Previous

Еден осомничен за посредување во вршење проституција на малолетна девојка од Кавадарци

Read Next

МТСП: Со септемвриската пензија пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти